Радио Милева

Бен Афлек има нова девојка од Куба за која велат дека му е најубава досега (фото)

Бен Афлек има нова девојка од Куба за која велат дека му е најубава досега (фото)

Бен Афлек (47) е во врска со Ана Селија де Армас Каско (31), кубанско-шпанска актерка!

Славниот актер најпрво ја покажа својата блискост со Ана на снимањето на еротскиот трилер „Длабока вода“, на 13 ноември 2019 година, во кој играа маж и жена.

Сепак, шпекулациите за нивната врска се излишни, бидејќи двојката се видени во родната Куба на Ана.

Имено, тие вечерале во ресторан во Хавана, од каде се појавила заедничка слика со готвачот од ресторанот во кој уживале.

Често се коментира на светските медиуми дека ова е „најубавата девојка Афлек досега“, нешто со кое не се согласуваат фановите на Џенифер Гарнер, неговата поранешна сопруга.

Ана е ѕвезда во подем , а убавицата го направи своето деби во 2006 година во шпанскиот филм „Уна роза де Франсија“. Во 2015 година, таа го сними својот прв американски филм „Knock Knock“, потоа следеа улогитево „Hands of Stone“ и „War Dogs“.

фото:профимедиа

Таа играше во остварувањата на „Blade Runner 2049“ (2017) како и „ Knives Out“ (2019).

To top