Пејачката Наташа Беквалац ги спакува куферите и замина на одмор со својата сестра Кристина Беквалац.
Тие две заминале на луксузно патување без своите деца, а како што пренесуваат тамошните медиуми, воопшто не штеделе за уживање.
Наташа Беквалац изнајмила стан за себе и за нејзината сестра надвор од центарот на Миконос, кој има огромен базен и лежалки, за да не мора секој ден да одат на плажа. Тие две уживаат во текот на целиот ден, а атмосферата од патувањето често ја споделуваат на своите профили на социјалните мрежи.
Луксузниот апартман во кој престојуваат нуди посебна услуга, па често нарачуваат храна за да не мора да одат во ресторани. Погледот од терасата е над цел Миконос, а цената за едно ноќевање е 900 евра, додека доколку сакаат појадок на тераса ги чини дополнителни 45 евра по лице.
Вкупно – 1000 евра за само еден ден!
Се чини дека сестрите не штеделе пари кога планирале сами да патуваат и лудо да се забавуваат. Како што се пофалија, ги посети и пријател, поточно дизајнерот Михано Момоса.
фото:Instagram printskrin