Радио Милева

Беби Дол на работ на сиромаштија: Пејачката побегнала од станот поради неплатена кирија

Беби Дол на работ на сиромаштија: Пејачката побегнала од станот поради неплатена кирија
фото: Јутуб

Драгана Шариќ позната како Беби Дол побегнала од станот на Врачар затоа што не платила кирија четири месеци, пишуваат српските медиуми.

Популарната пејачка веќе долго време има финансики проблеми од кои не може да се извлече. Привремено има настапи,  но не заработува доволно за нејзините трошоци.

Во последните неколку години е во финасиски проблеми бидејќи имала големи трошоци, но не успеала да плати кирија за станот каде живее, ниту пак сметките.

фото: Принтскрин

Извор близок на Беби за „Ало.рс“  тврди дека преку ноќ побегнала од станот бидејќи се срамела да му каже на газдата дека нема пари за кирија.

„Не му плати четири месеци, а тој само еднаш и се јави и ја праша што се случува. Таа му одговори дека очекува пари и да ја почека еден месец, па ќе му ги плати сите задоцнети кирии. Помина и тој рок, но Беби не се јави. Човекот се обиде да ја добие на телефон,но таа беше недостапна. Кога дојде во станот затекна се празно, па преку пријателите успеа да контактира со пејачката. Таа почна да плаче, да му се извинува, му кажа дека се срами, дека нема пари, но во прва прилика ќе го плати заостанатиот долг“ вели извор и додава:

фото: е сток

„Месечната кирија за станот каде што живееше пејачката е 220 евра што значи дека му должи 880 евра. Исто така има долг од 30 000 динари за неплатени сметки. Сопственикот на станот нема да ја пријави ниту тужи бидејќи верува дека пејачката ќе го плати долгот“, вели изворот.

Ова не е првпат пејачката да има проблем со плаќањето на кирија. Ист таков проблем имаше и пред година, но тогаш Беби не успеа да избега туку сопственикот на станот ја избрка.

Останати вести од Радио Милева