Старлетата Сораја Вукелиќ пред месец и половина стана мајка.
За време на својата бременост, таа беше отсутна од социјалните мрежи, но сега е повторно активна на истите.
Сораја во моментот ужива во Милано, во друштво на својот партнер и синот Кан.
View this post on Instagram
Иако често изјавува дека ниту таа ниту нејзиниот партнер не сакаат да се експонираат, сепак Сораја на ја пропушти приликата на социјалните мрежи да ја претстави детската количка од луксузен бренд која ја набавила за своето бебе.
View this post on Instagram
На прашање на новинарот од емисијата „Премиера“ која се емитува на српската Пинк телевизија за цената на количката, таа му посочи да ја праша Георгина, алудирајки дека и вереницата на славниот Роналдо ја има истата.
Истата инаку е во вредност од 10 илјади долари, а следбениците коментираат дека не е ништо поразлична од обичните колички за деца.
View this post on Instagram
За потсетување, на контроверзната старлета од 2018 година и е забренет влез во Србија, поради тоа што нејзиното име се напло на список на личности кои се опасни по безбедноста на земјата.
фото:Инстаграм