Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, син на Боба Живојиновиќ, сопругот на Лепа Брена од првиот брак, станаа родители на момчето Александар, а младиот татко прославата ја организираше во домот на Живојиновиќ.
Гордиот татко Филип за оваа прилика имал посебна маица, со цртеж на бебе. Бројни познати личности дошле да прослават по повод раѓањето на малиот Александар на кој била присутна скоро целиот крем од српската естрада.
Лепа Брена не ја криела среќата, а на фотографијата на која се заедно со мајката на Филип, Зорица и мајката на Александра, Борка, ниту една од трите баби на малиот Александар не можела да ја сокрие насмевката. Честитките стигаа од сите страни, а фотографијата на која се трите баби ги запали социјалните мрежи.
На сречниот татко Филип, како што налагаат старите добри српски обичаи му ја искинаа кошулата, а вистински џумус настана кога Брена го земала микрофонот и ја запејала песната „Бекрија“, па ги кренала сите на нозе!