Радио Милева Една од неговите љубови

Беа во брак 10 години: Еве како изгледа првата сопруга на Жика Јакшиќ (фото)

Беа во брак 10 години: Еве како изгледа првата сопруга на Жика Јакшиќ (фото)

Музичкиот продуцент и водител Жика Јакшиќ го крие приватниот живот подалеку од јавноста, малку се знае за неговиот љубовен живот, особено кога станува збор за неговата прва сопруга. Меѓутоа, сега се појави фотографија од првата сопруга Снежана.

Снежана до ден-денес остана мистерија за јавноста, но како што на интернет памети се’, сега се појави фотографија на која се гледа дека таа е дефинитивно спротивна на Дајана Пауновиќ, што е клучната разлика помеѓу нив, бидејќи таа не е јавна личност.

Снежана и Жика имаа исклучително добри односи, во медиумите многу се шпекулираше дали нивниот брак е идеален, а Јакшиќ никогаш не криел дека и е благодарен на сопругата што се грижи за нивниот син Андрија.

– Во животот не сум имал многу жени. Во првиот брак бев десет години, седум во вториот, но ако ги соберам сите години, не е голем број на жени. Немам со што да се пофалам, бидејќи тоа не ми е важно. Има пет жени кои оставија трага во моето срце и сите ги сакам, почитувам и ценам. И затоа сакам да ја поздравам Дајана, која е навистина убава и која се грижи за нашиот син Душан, исто како што Снежана се грижи за мојот постар син Андрија – изјави еднаш продуцентот.

фото:Инстаграм/ATA Images

To top