Радио Милева пред Данијела

Беа четири години во брак: Вака изгледа првата сопруга на Огњен Амиџиќ (фото)

Беа четири години во брак: Вака изгледа првата сопруга на Огњен Амиџиќ (фото)

Водителот Огњен Амиџиќ десет години е во брак со манекенката Данијела Димитриевска. Тие од бракот го имаат синот Матеј.

Меѓутоа, Огњен зад себе веќе има еден брак и тоа со неговата колешка. Имено, Огњен беше оженет со Милица Марковиќ. Милица и Огњен се запознаа на телевизија Пинк каде што работеше Милица, а се венчаа во 2006 година.

Тие беа во брак четири години, но ретко се појавуваа заедно во медиумите.

„Едноставно, непријатно ми е кога не фотографираат заедно, јас се трудам својот приватен живот да го чувам во тајност. Огњен е јавна личност, но мојот живот е сосема нешто друго“ – изјави Милица во една прилика.

Парот изјави дека се разделиле бидејќи исчезнала љубовта, но остана во пријателски односи.

Исто така, првата сопруга на водителот ја напушти „Пинк“ телевизија и продолжи да ја гради својата кариера во една маркетинг агенција.

фото: јелена обрадовиќ/ србија данас/ дамир дервишагиќ/фејсбук

To top