Барбара Ракичевиќ, младата ТВ водителка, ќерка на некогашната водителска ТВ ведета и позната трендсетерка Мелита кон крајот на 2020 година и официјално вплови во пејачките води откако тогаш ја промовираше својата прва сопствена песна насловена „Посилно од се“, авторско дело на најзината музичка менторка, Андријана Јаневска.
Шест месеци подоцна, Барбара Ракичевиќ, ја промовираше својата втора песна и видеото за неа, која наликува на модерно спакуван музички проект зад кој одново стои сериозна професионална екипа.
Насловена „Доволно зрел“ новата песна на Барби, овој пат е авторско дело на македонскиот пејач и автор Александар Тарабунов кој навистина зрело си ја завршил обврската. Видеото и овој пат го изработил познатиот уметнички фотограф и режеисер Зоран Стојановски Зонде.
Барбара ги има сите предиспозиции, од неизмерна извонредна убавина и музички талент, до солидни вокални способности што ги покажа уште претходно изведувајќи ги кавер верзиите на познатите песни и пејачи од регионот и светот.
Но, авторската кариера е нешто сосема друго, нешто што бара малку повеќе од само талент, зашто естрадата има поинакви правила на игра, а успехот на неа не зависи само од пеењето, туку од комплетното преставување, специфичен перформанс, однесување, облекување, впечаток и надвор од сцената… нешто што Барбара допрва треба да научи и да го совлада.
Секако, нејзината позната мајка Мелита и татко и, познатиот скопски угостител „Соме“, се искусни и урбани градски ликови на кои не им се непознати сите споменат трикови. „Доволно зрел(и)“ за сугестии и помош на патот кон успехот на својата талентирана ќерка.