Промотер

Барбара Поповиќ добро знае дека ти… „Мирисаш“… на неа! (ВИДЕО)

Барбара Поповиќ добро знае дека ти… „Мирисаш“… на неа! (ВИДЕО)

 

Пејачката Барбара Поповиќ по одличните дует  изведби со Александар Тарабунов во макфестовската „Би те одбрал само тебе“ или верзиите на латино преработките на старите хитови на Роберт Билбилов: „Избриши ги ти солзите“ и „Сега јас сум на ред“, ја промовираше новата песна насловена „Мирисаш“, за која сними и видеозапис.

Станува збор за тема чија што музика, аранжман и продукција ја потпишува Роберт Билбилов, а текстот е заедничко дело на Робин Зимбаков и Роберт Билбилов.

Видеото е снимено во Скопје и е работено под режисерската палка на познатиот уметнички и моден фотограф и видеорежисер, Зоран Стојановски – Зонде.

Во кадрите покрај Барбара се појавуваат и Роберт Билбилов, самиот Зоран Зонде Стојановски, Александар Тарабунов, нејзината сестра и многу пријателки на Барбара, па веројатно и затоа спотот зрачи со позитивна енергија и спонтаност.

„Долго време работевме на оваа тема и размислувавме кога би било најдобро да излезе во етер и конечно се решивме. Се надевам ќе им се допадне на слушателите и ќе измамиме насмевка во овој тежок период во кои се наоѓаме сите. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној кој сум го пеела  до сега, малку експериментиравме со  нов призвук. Мислам дека „Мирисаш“ е само почеток на она што допрва ќе следи“ –  вели Барбара.

Во продолжение погледнете го видеото за „Мирисаш“ кое Барбара официјално го претстави на Youtube каналот:

To top