Првиот впечаток на оние кои веќе го погледнаа новиот спот на групата „Балкан бенд“ е дека видеото ги надминува очекувањата и изгледа како проект со кој не би се срамеле да се покажеме и пред светот.
Станува збор за нова песна на музичката екипа, а нејзиниот наслов е „Железните пари бабини“, музички и стилски поразлично од тоа што претходно бевме навикнати да го слушаме од нив.
Темата беше промовирана вчера, 7-ми јуни 2021 година, а коментарите барем досега, се и повеќе од позитивини. Од бендот велат велат дека не се многу изненадени од реакцијата на публиката, бидејќи како што велат: дале се од себе, својот максимум за да го добијат финалниот производ.
„Не радуваат коментарите на публиката. Спотот излезе вчера, а еве не престануваат да ни пристигнуваат пораки. Исто така ни пишаа и доста наши колеги, кои велат дека се пријатно изненадени. Се надеваме дека песната и спотот ќе допрат до публиката, бидејќи ова што го слушате и гледате е направено со многу труд и премногу љубов“ – велат членовите на бендот.
За сето ова да изгледа, а нормално и да звучи вака се авторите на песната: Горан Јовановски – Топче кој го напишал текстот и ја компонирал музиката, потоа Дејан Момироски кој бил задолжен за аранжманот, а аплаузите за ова прекрасно видео ги собира режисерот Даниел Јовески, кој уште еднаш покажа зошто е најбараниот во Македонија.
„Видеото всушност е една филмска приказна која ги отсликува стиховите кои ја следат самата тема. Многу веруваме во ова ново музичко парче со наш потпис“ – додадоа членовите на„Балкан бенд“. Инаку бендот веќе има закажано доста настапи за ова лето низ клубовите во нашата земја, а се разбира, тука се и свадбените веселби и приватните забави.
Во продолжение погледнете го видеото за темата „Железните пари бабини“: