Радио Милева Поразлична од сите

„Бакнеж од него и од сонцето“: Водителката Сања на одмор од соништата заедно со саканиот (фото)

„Бакнеж од него и од сонцето“: Водителката Сања на одмор од соништата заедно со саканиот (фото)

Летниот одмор е период од година кој сите го чекаме. Избор на дестинација, пакување куфери и секако селекција на витинското друштво.

ТВ водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска го има комплетниот пакет на вистинските нешта – посакуваната дестинација и саканиот.

Имено, таа ужива во лените вибранции и морската убавина на популарната Лефкада во Грција заедно со партнерот од каде објави неколку фотографии на својот Инстаграм од уживањето во љубовното и романтично лето покрај вода и песок.

-Обожавам бакнеж од него и од златното зајдисонце, пиишува Сања во описот на дел од фотографиите.

Од приложеното може да се забележи дека Сања е вистинска елегантна дама и кога е разголена со костим за капење. Ненаметлива, но со изразена женственост, во избор на костими за капење кои и прилегаат одлично, а се тотална сптотивност од она што е актуелно денес.

Инаку, Сања Савеска е на пауза од снимањата на „Брза кујна“, па од септември повторно се враќа пред камери со нова енергија.

фото:Инстаграм/Сања Савеска

To top