Радио Милева јавно проговори

Бајага се огласи по веста дека завршил на клиника за лекување од алкохолизам (фото)

Бајага се огласи по веста дека завршил на клиника за лекување од алкохолизам (фото)

Откако се појави веста дека познатиот музичар Момчило Бајагиќ Бајага наводно завршил на лекување од алкохолизам во приватна руска клиника за лекување зависности во Земун, тој сега јавно проговори за ова.

Бајага ги негираше сите наводи и истакна дека се чувствува одлично, откако денеска во српските медиуми одекна веста дека музичарот наводно завршил на лекување од алкохолизам во приватна клиника во Земун.

– Супер сум, се чувствувам одлично, никогаш подобро! Ова не е точно тоа за лекувањето. Немам проблеми, се чувствувам добро, благодарам за грижата, рекол Бајага.

Познатиот музичар по 33 години брак се разведе од сопругата Емилија. По медиумскиот молк на социјалната мрежа Фејсбук, тој самиот откри дека ставил точка на бракот.

– Иако не сум приврзаник на јавното мислење и дека во жолтиот печат протекуваат работи од приватниот живот… иако веројатно веќе знаете… Па да се изјаснам. Официјално разведен! – откри тогаш на Фејсбук.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Синиша Пашалиќ

To top