Радио Милева Папарацо лов

Бајага има нова девојка: По 33 години брак, пејачот се впушти во романса (видео)

Бајага има нова девојка: По 33 години брак, пејачот се впушти во романса (видео)

Веста дека Момчило Бајагиќ Бајага и неговата сопруга Емилија се разведуваат по 33 години брак одекна во медиумите ширум регионот. Иако во текот на кариерата вешто се трудеше да не зборува за приватниот живот, се чинеше дека бракот на познатиот музичар е еден од најхармоничните во јавноста, но се покажа дека сепак не може да опстане.

Неколку години по разводот, Бајага се впушти во нова романса. Неодамна во изјава за тамошните медиуми откри дека не е сам, а сега за прв пат е фатен со новата партнерка.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ го фати пејачот со црнка за која велат дека е негова нова партнерка.

На видеото се гледа како Бајага го поминува денот со жена, а потоа заедно влегуваат во зградата во која живее и во чиј стан сега живее пејачот.

Судејќи по папарацо кадрите, може да се добие впечаток дека се на слична возраст, а едно е сигурно – на љубовен план им цветаат рози.

Фото: Принтскрин/Папарацо лов

To top