Манекенката Адриана Лима ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со последната објава.
Имено, таа сподели фотографија од нејзината баба за која е крајно врзана, меѓутоа, која не ја видела подолго време поради пандемијата на коронавирус.
View this post on Instagram
Баба Јулија изгледа совршено за своите години, па сега на сите им е јасно зошто Адријана наследи добри гени.
„Поради короната, не можам да се вратам во Бразил една година за да ја видам љубовта на мојот живот, баба ми Јулија. Таа во април ќе наполни 103 години. Ми недостасува. Пренесете љубовни пораки на баба ми “, истакна Лима, а нејзината објава предизвика доста реакции.