Како што е познато, во време на коронапандемијата, додека трае карантинот и изолацијата, додека другите кубурат седејќи дома без работа, најпознатата хрватска старлетата Ава Карабатиќ започна да ги продава своите голи фотографии на Интернет и од нив добро да заработува, па како што самата вели, таа остварила убав профит.
Ава смата се пофали и дека е меѓу најбараните на страницата и за да ја задржи титулата, побрза да направи нешто, што ќе и го зголеми профитот.
Така, додека целиот народ трча и се турка по супермаркетите, колнијалите, пиљарите, аптеките, поштите, банките… старлетата се упати на сосема друго место, каде што нема таков метеж и турканица за нивната роба, иако статистиките велат дека и таа во овие прилики добро оди и исто така има зголемена побарувачка и потрошувачка.
Имено, додека сите трчаат да купуваат храна и средства за хигиена по маркети и лекови по аптеки, Ава Карабатиќ се упати во „бутик за играчки за возрасни“, па старлетата буквално го „опустоши“ се*с шопот!
Ава нарачуваше многу различни работи од таму, како жартиери, најлон чорапи, маски, латекс фустани, тантела… и веројатно по некоја „играчка“. Нема што нема!
Таа гордо се пофали на Инстаграм со залихите на тазе направената набавка, а специјалните фотографии (с)облечена во сето ова, вети дека допрва ќе бидат објавуваним, една по една, ден за ден. Многумина, едвај чекаат!