Родителството ги буди најубавите чувства во човекот кои за ништо друго на свет не ги доживува.
Така е и за младиот саксофонист Горан Папаз кој од своето синче доби инспирација да ја создаде темата насловена „Damian“.
Покрај Папаз кој се потпишува како автор, аранжманот и продукцијата се на неговиот колега Гоце Симоновски со кого соработуваа и за „Разбуди се“ која беше објавена пред седум години.
Оваа мелодија наедно е неајава за новиот музички проект на саксофонистот кој треба да биде финализиран следната година.
Дотогаш, слушнете ја аудио верзијата на „Damian“, од тато Папаз.