Во склоп на Каменичко културно лето 2023, а по повод Денот на Општина Македонска Каменица и Денот на рударите, српската турбо фолк ѕвезда Аца Лукас ќе одржи концерт на оваа позната регионална манифестација. Организатор на манифестацијата е Општина Македонска Каменица и Културно-информативен центар ,,Романса”.
Покрај настапите на културно-уметнички друштва и спортските натпревари, музичката програма започнува на 26-ти август со Силви Бенд и Наум Петрески, на 27-ми август на програмата се Зуица Лазова и Дамјан Стојановски, а на 28-ми август пред Лукас ќе запеаат Бојана Скендеровски и Ламбе Алабакоски.