Иако во јавноста се декларира како атеист и неверник, Јелена Карлеуша ги почитува традициите и обичаите и ги прославува сите големи празници, најмногу поради нејзините ќерки кои со нетрпение ги очекуваат и најмногу уживаат во нив.
Божик, како и секоја година до сега, во домот на пејачката се слави во семејна атмосфера со богата трпеза, разни специјалитети и неизбежната чесника со скриена паричка, како и сите убави обичаи кои го придружуваат најрадосниот христијански празник. На овој прекрасен ден најголемата радост е токму во семејното дружење и детската смеа, сепак, колку и да се трудела Јелена да ги израдува Атина и Ника, постарата ќерка на Јелена Карлеуша не била особено расположена.
View this post on Instagram
Кршењето на погачата и барање парички секако е еден од обичаите на кои сите со нетрпение очекуваме на Божиќ и очекуваме да добиеме паричка, а големо внимание привлече моментот кога пејачката тоа го направи со своите наследници.
Дивата гордо се пофали дека таа ја добила паричката, но во кадар била и Атина, постарата ќерка на Јелена Карлеуша, видно разочарана што останала со празни раце.
View this post on Instagram
Видеото од семејната вила наиде на низа реакции и коментари, но насмеа и многу обожаватели на Јелена, кои и испратија пораки со поддршка на тинејџерката, порачувајќи и да биде трпелива до следната година кога ќе добие паричка која, како што налага обичајот, носи просперитет на тоа поле.
фото:Instagram