Радио Милева Патот на Атиџе - огледало на мизеријата...

Атиџе Муратова поканета на гости во бугарската амбасада во Скопје: Додека македонските „распродавачи на идентитетот“ се занимаваат самите со себе, комшиите знаат што прават! (ФОТО)

Атиџе Муратова поканета на гости во бугарската амбасада во Скопје: Додека македонските „распродавачи на идентитетот“ се занимаваат самите со себе, комшиите знаат што прават! (ФОТО)

Медената Атиџе Муратова од македонскиот документарен „оскаровец“  „Медена земја“, како што преку ноќ ги освои симпатиите на македонската, но и светската публика, така и преку ноќ беше   заборавена од државата, која речиси воопшто не ѝ помогна да се се спаси од тешкиот живот.

Атиџе повторно живее во старата куќа, бидејќи со социјаланта помош од 4.000 денари не може да ја одржува, зашто парите не и стигаат ниту за основните комуналии како струја, вода и се’ друго што е потребно за елементарни услови за живот.

Понекогаш немала ниту храна, а и здраствено не се чувствуваше најдобро по повредите откако ја нападна куче.

Како што таа самата умееше да каже,  никогаш не би побарала помош бидејќи се срами. Телевизија  Алфа кон крајот на ланската година објави трансакциона сметка од банка каде може да се донира за Атиџе, а и тие помогнале колку што можеле. Единствената помош која „медената хероина“ ја побара беше онаа институциите да ја заштитат од насилниот сосед, кој вербално и физички и се закануваше.

И да не беше македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева, која периодов пред и по Нова Година и е голема поддршка на Атиџе во секоја смисла, кој знае како ќе завршеше судбината на македонската „оскаровка“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/atidze-muratova-pokraj-novogodishnata-elka-e-prava-dama-foto/

Турунџиева ја зеде кај себе во Скопје, комплетно и го промени животот, направи за прв пат Атиџе достоинствено да ја дочека Новата Година, или на 57 години за прв пат да почувствува како е да се слави роденден! И додека приказната на хероината од документарецот „Медена земја“ кој државата ја донесе до Оскар, истата таа држава ја истретира по онаа народната: „секое чудо за три дена“ . Да не беше Сузана Турунџиева и уште грст добри луѓе кои несебично и безрезервно го отворија своето срце и душа за Атиџе, особено пејачката која и помогна од повеќе аспекти, но пред се’  умееше да и биде искрен и близок пријател, Атиџе ќе беше како и многу други пред неа – искористена и заборавена.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/po-57-godini-atidze-za-prvpat-pochuvstvuva-kako-e-da-slavi-rodenden-video/

И додека бившата министерка за финансии на својата интернет бизинис платформа „Групер“ нудеше попуст за бизнис тури насловени: „Патот на Атиџе Муратова“, користејќи ја за остварување профит, по што јавноста експлодираше регирајќи на социјалните мрежи, некои други се сетија дека оваа ситуација можат да ја искористат кога им е најмногу важно, за политичка промоција на својата  држава. И тоа токму во времиња кога се кршат копјата околу многу работи меѓу нив и нас.

И додека македонските институции „имаат поважни работи“, неодамна Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева беа гости во амбасадата на Република Бугарија во Скопје.Имено, на покана од сопругата на Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, тие беа примени и пречекани од него и неговат сопруга Билјана, а на македонската медена хероина и беа врачени подароци и доделена помош и донација.

„Доброто раѓа добрина!

На покана од сопругата на Амбасадорот на Р. Бугарија г-дин Ангел Ангелов, денес Атиџе беше пречекана со сите почести, а воедно и беше доделена помош и донација.
Biliana Angelova / Биляна Ангелова. Благодарам што и приредивте радост и ја испочитувавте Атиџе“ – напиша Турунџиева на својот Фејсбук профил , обајвувајќи ги фотографиите од средбата.

И додека домашните институции „спијат“ и „мува не ги лази“, соседите со кои толку жолчно се бориме да да го докажеме постоењето на сопствениот идентитет, нација, јазик, историја… работат! Навидум хуман гест, но во основа дипломатски начин да се покаже нешто друго, нешто што оние кои се платени од граѓаните на Македонија да го прават тоа, не го прават. Или поточно, го правеа, само кога требаше да се сликаат со македонската кандидатка за „Оскар“ и да го соберат „медот“ од оскаровскиот публицитет на Атиџе! Кога треба да и се помогне… Нигде никого… Штама! Патот на Атиџе е всушност огледало на мизеријата на државата и оние кои ја запоседнале власта!

Но, немојте потоа да се чудите и изненадите ако еден ден „соседите“  на Атиџе и „понудат“  и бугарски пасош, а утре наместо медената хероина да биде македонска, стане бугарска „оскаровка“. Таа или било кој(а) друг(а), сеедно. Зашто за разлика од домашните „распродавачи на идентитетот“, комшиите очигледно знаат како тој се гради, создава и чува!

To top