Лепа Брена важи за една од најуспешните пејачки во регионот, а наскоро ќе добие снаа, односно нејзиниот посинок ќе се жени за пејачката Алкесандра Пријовиќ.
Астрологот Велимир Ремиќ истакна дека Лепа Брена ќе добие внуци и дека за неколку години ќе биде најсреќна баба.
фото:приватна архива
„Лепа Брена е ангел и блазе им на кои им е пријателка. Верна е, нежна и многу чувствителна мајка и сопруга. Брена е роден амабасадор, па да не не чуди што спојува луѓе на нејзините настапи трудејќи да ги сруши политичките бариери. Не сака да навлегува во конфликти, ниту професионално, ниту приватно. Секогаш се труди на мирен и дипломатски начин да ги реши непријатностите во животот. Таа се чувствува величествено кога ги прави среќни луѓето кои ги сака, вели Ремиќ и додава дека во љубовта ќе и цветаат ружи.
„Ќе доживее преубави моменти со сопругот. Се уште нема знаци дека наскоро ќе се ожени Стефан или Виктор, но она што е најважно Брена ќе стане баба и ќе биде најсреќна баба на светот. Астролошки гледам брачна стабилност и компатибилност, Брена и Боба се совршен спој, вели астрологот и додава дека кариерата на Брена ќе биде вечна.
„Од втората половина на 2018 година, пејачката ја очекува плоден период на полето на финансиите. Таа е родена да биде самостојен играч и како што ќе биде повозрасна така ќе труди да биде независна во приватниот бизнис, вели Рамиќ.
Тој истакна дека во 2019 пејачката ќе има многу обврски и патувања, па повеќе ќе биде во авион отколку дома.