Радио Милева

Аркан за тие секс кадри не сакал ни да слушне и сите ги забранил, а сега Цеца се присети на тоа време и објави една фотографија (Фото+Видео)

Аркан за тие секс кадри не сакал ни да слушне и сите ги забранил, а сега Цеца се присети на тоа време и објави една фотографија (Фото+Видео)

Светлана Цеца Ражнатовиќ беше на самиот почеток на својата пејачка кариера кога се проба како актерка.

Во „Нечиста крв“, таа ја играше улогата на Коштана, а со Раде Шербеџија сними жешки сцени на еден куп компири за кои се уште се зборува и денес.

Наводно, нејзиното тогашно момче, а подоцна и нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, ги забранил овие сцени и биле цензурирани на негово барање.

Како што пишуваат медиумите во регионот, така било повеќе од десет години, се додека една телевизија не го откупи материјалот од снимањето и го објави филмот како серија.

Покрај страствената прегратка врз компирите, славниот актер ги шири нозете на Коштана и ја гали по бујните гради.

фото:промо

Втората секси сцена е кога Филип Гајиќ ја гали по голиот стомак, а нејзината коса е на подот од кафеаната. Актерот Љуба Тадиќ и ставаше пари меѓу градите, воодушевен од песната.

Цеца изненади многумина, но и воодушеви, евоцирајќи спомени од тоа време кога се проба и во актерските води.

фото:инстаграм/цецаражнатовиќ

„Коштана … 1991 година “, ја опиша Цеца фотографијата.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=131&v=ChtUhj61u-w&feature=emb_logo

To top