Промотер

„Ареа“ во свој стил и фазон ве водат во нивното – „Јаве или сон“ (ВИДЕО)

„Ареа“ во свој стил и фазон ве водат во нивното – „Јаве или сон“ (ВИДЕО)

Македонскиот рок состав „Ареа“ во годината кога го слави јубилејот 30 години од своето постоење и прсуство на сцената, деновиве на публиката  и го претстави својот најнов албум „Љубов е“.

Тие како пилот сингл кој го најавува ЦД-то ја пуштија во етерот „Јаве или сон“,  една од вкупно 11-те нумери кои се најдоа на нивниот седми по ред албум.  „Јаве или сон“ е всушност третата песна од овој албум која излегува како сингл. Претходно веќе беа промовирани „Ангелу мој“ и „Отсекогаш“.

Песната е визуелизирана и со видеоспот кој е сниман кон крајот на мај, а режијата му беше доверена на Александар Ристовски-Принц. Гостиварскиот бенд новите песни од албумот ќе ги презентира и со концертна промоција на настапите во различни градови низ Македонија.

Во продолжение уживајте во „Јаве или сон“ како и во преостанатите нумери од албумот „Љубов е“.

To top