Култната македонска рок група „Ареа“, деновиве во етерот ја пушти својата нова песна и видеото за неа насловена „Зрак”, со што пријатно ги изненади своите обожаватели, по паузата од цели пет години.
Видеоспотот е изработен под режисерската палка на Кристијан Шемко од „Pyramid Production“ и во него покрај членовите на бендот, се појавува и Ања Поповиќ, млада актерка и професионална танчарка од Скопје. „Зрак” е само најава во вид на пилот сингл како дел од материјалот за нивниот нов албум, кој се ‘ уште е во подготовка.
Музиката и аранжманот ги потпишува гитаристот Ивица Брчиоски, додека текстот е дело на неговата сопруга и главниот вокал на бендот, Ружица. Песната е снимена и миксана во нивносто семејно студио „Клиника”.
За потсетување, „Ареа“ започна да егзистира во 1991 година, со создавањето на првите три авторски песни и пријавувањето на „Поп-Рок фест ’92“ каде што победија и истата таа 1992 година во студијата МРТВ го сними дебитантскиот албум ,,Случајно тука“, која на носач на звук во вид на касета го издаде Музичката и касетна продукција на МРТВ.
Дури 8 години подоцна, во 2000 година групата го издаде и вториот албум „Врати на имагинација“, од која како голем хит се издвои песната „Сите мои слики” која стана евергрин кој и ден – денес се врти на радио станиците ширум Македонија
Инаку „Ареа“ зад себе имаат издадено вкупно 5 студиски и еден албум во живо. Као звучи и изгледа нивниот нов „Зрак“, проследете во продолжение: