Култниот македонски рок бенд „Ареа“ по долга пауза ја промовираше својата нова песна, насловена „Отсекогаш“.
Музиката, аранжманот и продукцијата за песната се на гитаристот на гостиварскиот бенд, Ивица Брчиоски, а текстот е на неговата сопруга и вокал, Ружица.
Песната е проследена и со видео, кое го снимал, режирал и монтирал Даниел Јовески. Снимањето се одвивало на неколку локации, а најголемиот дел од кадрите се снимени во Маврово во црквата Св. Никола – Летен. Како актери во видеото се појавуваат Мариа Стојаноска и Илија Трале Левески.
„Отсекогаш“ е најава за шестиот студиски албум на бендот, кој е во завршна фаза на подготовки и треба да очекуваме да се појави до крајот на годинава.
Во меѓувреме, проследете колку добро звучи и изгледа новиот проект на „Ареа“… Впрочем, како и… „Отсекогаш“: