Десет години од последниот концерт на Драган Даутовски во Битола , на истото место овој пат со неговиот син Ратко Даутовски, на 23-ти јули во пациото на Завод и Музеј – Битола за љубителите на мистичниот амбиентален звук, ќе го претстават нивното последно музичко чедо – „Apocalicticum“.
Kонцертот ќе се оддржува според Ковид протоколите. Влезници во ограничен број по цена од 300 ден се пуштени во продажба преку bileti.mk. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Општина Битола.
Јубилејниот 15-ти „Локум фест“ ќе се одржи од 22 до 24 јули. За фестивалското отворање во Хераклеја е најавен концерт на „Влатко Стефановски Трио“. Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција” е една од најпопуларните манифестации кои се одржуваат во летниот период во Битола. Инспирацијата на фестивалот е старата традиција во градот на конзулите, средби со кафе и локум.