Промотер

Антониа Гиговска за роденденот ги почести своите обожаватели со долго чувани ноти и стихови – „Мразам што те сакам“ (ВИДЕО)

Антониа Гиговска за роденденот ги почести своите обожаватели со долго чувани ноти и стихови – „Мразам што те сакам“ (ВИДЕО)

Македонската музичка ѕвезда Антониа Гиговска вчера, недела 21 јануари 2024, наполни 23 години. По тој повод својата многубројна публика реши да ја почести со нова песна. Овојпат во прашање е моќна балада која никогонема да остави рамнодушен.

Новата нумера со наслов „Мразам што те сакам“, всушност и не е нова, туку се работи за песна која е создадена уште во 2021 година, поточно во еден од најтешки животни периоди за младата пејачка, за која таа вели:

„’Мразам што те сакам’ е песна што ја направивме со Лазар Цветковски во 2021 година. Година во која имав многу предизвици, многу насмевки и многу солзи. Кога ќе се навратам наназад и добро што не ја објавив тогаш, ја чував за некое подобро време, за некоја подобра, позрела Антониа. Антониа што после три години ќе може да се носи со тежината на песната и емоцијата што ја има во истата. Се надевам и верувам дека ќе допре до многу срца, како што допре до моето. Собрав храброст и еве ја баш за мојот роденден. Ова е мој ден, се радувам што добив многу честитки и во тоа име сакам да им ја подарам песната што ја сакам многу искрено, со цело срце и душа. Како првиот ден“ – вели Гиговска.

Инаку текстот за оваа песна е дело на раперот Тајзи, а музиката и аранжманот како што изјави Антониа е на продуцентот Лазар Цветковски. Ова е нејзина прва песна за 2024 година и таа е само најава за она што допрва следува, а следуваат многу нови песни, видеоспотови, соработки и се разбира, многубројните настапи ширум Македонија.

Како изгледа и звучи кога Антониа три години ќесе воздржува пред да ти признае:  „Мразам што те сакам“ – проследете од видеото во продолжение.

To top