Радио Милева слатко мече

Антониа Гиговска за мајчинството има само пофални зборови од кои ќе се стопите: “Конечно чувствувам најискрена љубов“ (фото)

Антониа Гиговска за мајчинството има само пофални зборови од кои ќе се стопите: “Конечно чувствувам најискрена љубов“ (фото)

Младата македонска пејачка Антониа Гиговска пред половина година за прв пат стана мајка и си ја продолжи  семејната лоза.

Таа не само што реши млада да го продолжи  поколението туку и секојдневно покажува дека  премногу  ужува во таа улога.

Уште штом ќе ги отвори очите најтоплата прегратка ја добива токму од  бебето Киан за кое има време преку ден се додека не тргне на фотосесија, емисија  или на настап со сопругот Роберт.

А до тогаш го држи во раце и задоволно прави селфиња и кратки видео клипчиња со него  за на  своите следбеници да им  покаже што значи да си дел од мајчинството.

– Кога го имате ова ама баш ништо друго не ви е важно  –   тврди таа.

Но бидејќи често нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстарам го полни со интимни моменти  со синчето нејзините обожаватели  се заинтересираа како вистински се чувствува и ја прашаа  дали сепак има некоја промена и плус обврски поради него?

– Дали чувствуваш голема промена од кога стана мајка и имаш повеќе обврски? – ги интересираше нив.

– Конечно чувствувам само искрена, најискрена љубов на свет која некој ми ја дава. А тоа е ова мало мое мече. Инаку веќе сме на мам, мам  – им откри таа.

Антониа неодамна откри и дека  желбата и е по рожбата на машко, да добие и девојче, наследничка за која веќе ги смислила имињата за својата неродена ќерка.

А ако биде и сака Бог, ќерката на Антониа би се викала: Ева, Анастасија, Кјара или Еларија, откри тогаш Антониа.

Фото: printskrin/instagram/antoniagigovskaa

 

 

To top