Пејачката Антониа Гиговска му беше гостинка на јутјуберот и ТВ водител Стефан Лазаров во неговото „Carpool Karaoke“ по теркот на она на Британецот Џејмс Корден.
Опуштено додека се возеа низ Скопје, Антониа и Стефан разговараа на разни теми, пееја и се шегуваа. Стефан не пропушти да ја праша на некои скокотливи прашања како за тоа дали го одбила раперот Таско за дует, дали таа и ја пее песната на Луна Ѓогани и сл.?
Меѓудругото, Антониа откри дека со помош на природни сокчиња ослабеала 6 килограми, но дека не спортува поради операцијата која ја имала на прстот.
-Carpool Karaoke со нашиот талентиран јутјубер @_lazarovv кој шири позитива на нашата јутјуб сцена. Ти благодарам за поканата и за поддршката. Без омраза пријатели. Доста е. Ајде да пееме и да се смееме- пишува Антониа во мописот на кусото видео кое го постави на својот Инстаграм.
Инаку, во автомобилот на Стефан досега се повозија неколку млади музички имиња од македонската естрада, а видеата се објавени на неговиот јутјуб канал Лазаров.
Во продолжение погледнете го македонското „Carpool Karaoke“ со Стефан и Антониа.