Радио Милева
станува збор за...?

Антониа Гиговска со новите фотографии ги заинтригира следбениците, па ја прашаа:„Трудна да не си?“ (фото)

Антониа Гиговска со новите фотографии ги заинтригира следбениците, па ја прашаа:„Трудна да не си?“ (фото)

За Антониа Гиговска нема пауза од ништо, а најмалку од кариерата. Во тоа секако се вклучени и социјалните мрежи како гласило до својата публика и следбеници за се’ ново што прави на музички план, а понекогаш и приватно.

Па така, меѓу нејзините последни објави се најдоа фотографии од снимање кои ја заинтригираа јавноста со оглед на тоа што таа и самата го начна прашањето да нагодуваат за што станува збор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Егзотичните фотографии, облеката и самиот амбиент повеќето ги асоцираше на снимање на спот за песна, досека други пак имаа нешто побујна фантазија од приложеното.

-Камера иде ииии одвај чекам, што мислите за што станува збор? – напиша Гиговска во описот.

Не требаше да помине многу време за да ги добие и одговорите, секој со своето видување.

Едни мислеа дека е реклама за теписи, а пак други бидејќи Антониа на една од фотографиите ја држи раката кај стомакот, почнаа да нагодуваат да не случајно е бремена?

Она што Антониа го побара го доби во поширока форма, а баш како што сакаше, успеа да го привлече вниманието.

Бременоста е една од најубавите работи што може да и се случат на една жена, но во случајот претпоставуваме дека позата со раката на стомакот беше сосема спонтана, а пак теписите соодветни за темата од сценографијата.

За што станува збор, веројатно ќе дозанаеме наскоро…

Останати вести од Радио Милева