Младата талентирана пејачка Антониа Гиговска која публиката ја препознава по нејзиното учество во регионалните музичка шоуа, успеа полека, но сигурно да избие на површината на музичката сцена.
Антониа, може да се вброи во листата на најпопуларни, познати млади пејачки. Покрај со својот глас, Гиговска освојува и со својот стас. Имено, пејачката успеа да ослабе повеќе од 25 килограми и својата линија да ја доведе до совршенство.
Пејачката редовно и вежба, тренира, па освен што има витка линија, има и затегнати стомачни кои знае да ги покаже на социјалните мрежи.
Гиговска често добива коментари за својот изглед и стајлинг, а сме имале прилика да ја видиме во разни модни комбинации.
Исто така, таа понекогаш знае да експириментира и со својот изглед, па сме можеле да ја видиме со розова коса, со шишки, но нејзин заштитен знак сепак е русата коса.
Пејачката овојпат, си дозволи мала промена, односно направи нова фризура.
Во кусите приказни на „Инстаграм“ таа сподели видео на кое и прават фрузура, односно косата и енавиткана во локни, а таа ги запраша нејзините следбеници дали и стои кратка коса?
Повеќето следбеници се согласија и одговрија – не!
Водителот на „Жешко столче“, Никола објави фотографија на која ја прегрнал Антониа, а во описот постави прашање: Лепа Брена – да или не, а повеќето следбеници одново одговрија – не.
Инаку и српската пејачка Лепа Брена во текот на својата долгодишна кариера правеше и се’ уште прави доста промени, па таман кога нејзините следбеници ќе помислат дека го достигнала врвот, таа повторно знае да изненади со некоја поинаква фризура.
Вам, како ви се допаѓа Антониа во вакво издание?
фото: Принтскрин/инстаграм/антониа гиговска/лепа брена