Во полн ек се Новогодишните и Божиќните празници, а многу јавни личности преку социјалните мрежи се огласија со честитки и желби за здравје, мир, спокој.
Некои од нив, празниците ги дочекаа во домашна атмосфера со најблиските, некои споија убавo и корисно, па надвор од обврските заминаа на зимување да уживаат во зимската идила.
Македонската млада девојка, Антониа Гиговска овој пат за Божиќ и Бадник замина во Банско заедно со својот сакан Иван Јованов.
Тој на социјалните мрежи сподели една заедничка фотографија со својата сакана и откри како уживаат.
Меѓутоа, една случка во Македонија го расипа расположнието на пејачката која се огласи на социјалните мрежи.
Имено, станува збор за тоа што на официјалниот „Фејсбук“ профил на здружението за заштита на животните „Живот“ – Штип сподели фотографија со вознемирувачка содржина.
Според објавата, се работи за куче усмртено на суров начин, со ставање петарда во анусот, а како што пишува на социјалните мрежи ова е дело на коледари.
Оваа фотографија почна да кружи по социјалните мрежи, а меѓу нив ја сподели и Гиговска која во описот на истата напиша:
„Се срамам што живеам овде и што сум опкружена со монструми и идиоти. Ставање петарда во газето на ова невино кутре го докажува фактот дека луѓето се поголеми „животни“ од животните. СРАМ“ напиша Гиговска.
Овој потег секако е за осудување бидејќи животните се едни од најголемите пријатели на луѓето, па и нив треба да ги чуваме и заштитуваме.
За потсетување, и самата Гиговска е љубител на животни и има куче, па често на социјалните мрежи знае да сподели некоја фотографија со своето милениче.