Македонската пејачка Антониа Гиговска уште малку ќе стане мајка, а со јавноста постојано споделува за нејзините симптоми и „труднички маки“ низ кои поминува и кои и го менуваат физичкиот изглед, ама и расположението.
Организмот на жената, пред да донесе на свет живо битие, поминува низ неколку трансформации па, воопшто не е лесно и едноставно да се претрпат тие големи промени кои ги следат трудниците, но, за нив ништо не е тешко кога знаат дека наскоро среќата ќе ја држат во сопствените раце.
Токму тие раце за да го почувствуваат тој допир и убав момент на Антониа сега и донесоа победа над трудниците и ја „освои“ титулата за мајка со најголеми отоци.
Таа на социјалната мрежа „Инстаграм“, на кратките приказни објави фотографии на кои јасно се забележува дека тоа навистина е така.
Нејзиното лице е подуено како штотуку да се разбудила од спиење, но всушност тоа е само нормален труднички симптом, кој на пејачката и се додаде на листата:
„Кога сме кај отоци, ја имате победничката“ – со смајли што плаче но и се смее напиша пејачката и покажа дека има и измешани емоции поради бурата од хормони.
Бура која наскоро ќе се смири, нема да остави ниту трага, а лесно и се заборава откако наследникот ќе го земе во својата топла прегратка.
Со лесно!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска