Антониа Гиговска пред шест месеци за прв пат стана мајка и тоа млада која навреме си почна со продолжување на смејната лоза и оставање поколение.
Откако и се врати на сцената по трудничкиот период и породувањето, Гоговска е апсолутно предана на настапите и публиката, а за бебето Киан време има преку ден кога заедно со сопругот Роберт не тргнале на настап.
View this post on Instagram
Но иако вака турбо активна и со милион обврски, Гиговска во Новата 2024 размислува за уште едно бебе, ако не сега барем во блиска иднина.
Желбата и е по рожбата на машко, да добие и девојче. Желба која голем број мајки на машки деца ја имаат. Антониа до толку посакува наследничка што веќе ги смислила и имињата за својата неродена ќерка или онаа во план за реализација.
Популарната Тониа одговараше на прашања од следбениците на Инстаграм, па во едно од нив ја откри оваа своја желба. Ако биде и сака Бог, ќерката на Антониа би се викала: Ева, Анастасија, Кјара или Еларија, откри Антониа.
Децата се благослов од Бога, а кога мама веќе дошла до точка да посакува вака силно, тогаш желбите нема зошто да не бидат далеку од реалноста.
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa