Македонската пејачка Антониа Гиговска и откако остана во блажена состојба не престана да биде активна на социјалните мрежи, а и во медиумите е сѐ поприсутна со таа тематика.
Сега за прв пат пејачката го дочека големиот христијански празник Велигден во една поинаква атмосфера во кругот на семејството, каде немаше алкохол и храна која ќе и наштети на неа и на нејзиното најмило.
Таа објави кратко видео на кое пееше со полно срце емоции но, она што го забележаа следбениците, беше тоа што таа за празниците иако се расположила, сепак останала примерна заради бременоста.
Велигден… сѐ исто само нема „пиење“ – со емотикони кои плачат од смеење и чаши за наздравување пејачката покажа дека дури и на големот христијански празник остана верна и примерна додека е во блажена состојба.
Пред крај на видеото Антониа во кадарот го уловила и нејзиниот брат Дарко Гиговски кој и се придружи во расположението и во емотивната песната „Сачувај тајну љубави моја“ од српскиот пејач Душан Костиќ која ја пееше пејачката.
Но, дека жали по деновите кога беше без нараснатиот стомак и дека посакува и едвај чека што побрзо да се врати во нормала е повеќе од сигурно бидејќи таа во следното видео тоа и го потврди откако напиша: „Едвај чекам да влезам пак во панталоните“
Да им се врати на навиките и на старата гардероба Антониа уште посакувасо тоа што внимава на сѐ што конзумира па дури и кога има повод и кога сите наздравуваат, таа не падна во искушение.
Трудничкиот стомак на младата пејачка веќе е прилично нараснат, а бидејќи таа е позната личност која одлучи да споделува труднички совети за нејзините следбеници, мора да биде пример со нејзиното однесување.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска