Антониа Гиговска со сигурност прерасна во една од најдобрите македонски пејачки која полека почнува да го освојува целiot регион. Русокосата убавица постојано воодушевува со секоја нова изведба, но и не престанува да изненадува со својот имиџ и изглед, кој станува се’ попровокативен.
Слаткото мало девојченце од „Пинковите ѕвездички“ прерасна во згодна и атрактивна девојка, која се повеќе привлекува внимание со својот секси изглед, иако понекогаш знае да биде и мета на критики поради изборот на облеката, којa во последно време повеќе открива, отколку што покрива.
Така, речиси секоја нејзина нова објава на Инстаграм е тема на полемика, зашто Антониа неретко знае да покаже „гола кожа“ повеќе од што треба? Или сепак, можеби така треба, зашто шоубизнисот не е само пеење, туку музиката покрај со уши, се’ повеќе се восприема со очи. Дури и повеќе од што треба, па така поважно стана да има што да се се види, отколку да се слушне… Но, тоа се новите времиња, а во нив и новите естрадни девојчиња, меѓу кои во Македонија сигурно предничи Антониа!
Пејачката сепак не го споделува својот телесен раскош само на социјалните мрежи, туку она со што мајката природа ја надарила, Антониа го покажува и на настапите пред својата публика и тоа во исто толку провокативна и предизвикувачка гардероба.
Така беше и неодамна, кога русокосата убавица го имаше својот настап пред скопската публика, „на свое буниште“, каде е најтешко да царуваш. Затоа Антониа морала и вокално и визуелно добро да се подготви, за да се претстави во најдобро светло, односно најсветло издание. Па, за да го привлече на себе сето внимание, покрај гласовните можности, имиџот што го одбрала за таа вечер морал да биде „за плакнење очи“, особено на мажите, кои нема да ги одвојат од неа „влажните погледи“ додека сго следат нејзиниот настап.
Но, претходно ќе следува закажаното интервју „зад сцената“ за најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“.
Иако максимално професионално посветена на секоја песна, на секој проект, на секој спот и настап, она што ќе привлече внимание е нејзиното ултра разголено издание, кое потоа се коментира и за време и по настапот.
Но и на социјалните мрежи, на кои оправдано или не, се критикува нејзиното отворено деколте, со коментар: „А што убаво, симпатично девојче си беше“?!
Дополнителен повод за „кулоарсктеи муабети“ придонесе и видеото од интервјуто во кое додека одговара на новинарските прашања, Антониа онака прилично разголена, постојано „се бореше“ да ги „смири градите“, за да не ги покаже „деталите“.
Зашто како што велат, ѓаволот се крие во деталите, а русокосата убавицата беше токму на работ да ја покаже десната брадавица, која дискретно подѕирнуваше, заканувајќи се да излезе од топ маичката на пејачката.
Како сетоа тоа изгледаше, но и што се’ кажа Антониа Гиговска во одговорите на прашањата на новинарската екипа на „ТВ магазинот од зад сцената“, погледнете во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):
Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa/You Tube
Видео: You Tube/Backstage