Радио Милева Приватни моменти

Антониа Гиговска јавно му честиташе роденден на еден член од нејзиното семејство, кој ретко го покажува (фото)

Антониа Гиговска јавно му честиташе роденден на еден член од нејзиното семејство, кој ретко го покажува (фото)

Семејството е како дрво кое се разгранува, но корењата остануваат исти. Тоа е најголемиот благослов кое го имаме и на него можеме да се потпреме во секој момент, што се вели и за арно и за лошо.

Талентираната македонска пејачка Антониа Гиговска која е активна на социјалните мрежи и сепоприсутна во медиумите,  најголемата поддршка ја добива токму од семејство.


Но, сепак таа многу ретко ги покажува членовите на нејзината фамилија. Освен ако нема некој поголем повод, како што беше овој пат.

Македонската поп пејачка во кратките приказни на „Инстаграм“ објави селфи фотографија од нејзиниот брат Дарко Гиговски, со која покажа дека тој е една од најважните алки во нејзиниот живот.

Имено, со фотографијата Антониа јавно му го честиташе роденденот на брат и.

„Среќен роденден братче мое“ – напиша таа на објавата.

Со оглед дека е јануари и надвор е студено, можеме да забележиме дека фотографијата не е баш најнова бидејќи се прилично летно облечени, или можеби само така изгледа.

Двајцата насмеани или можеби распеани позираа во некој локал, за мигот подолго да трае и за спомени кои ќе се раскажуваат.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска

To top