Пејачката Антониа Гиговска периодов е активна како на професионален така и на приватен план.
Младата мама вниманието сега го сврте кон себе и реши да ужива максимално.
Таа одамна сфати дека социјалните мрежи се одлични за да го сподели она со што може да се пофали па секоја активност им ја сервира на обожавателите за што поголема популарност.
Сепак, кога ролката до врат ќе ја замени со бикини повеќе од сигурно е дека подолго им го задржува вниманието на посилниот пол, но и на сите кои ја обожаваат.
Провокативната облека и секси комбинациите на настапите за неа станаа редовни, впечатливи и секогаш различни.
Голотијата овој пат ја истакна откако направи селфи во огледалото и реши да одвои време за себе и да одмори во спа центрите кои со задоволство ги посетува, а особено кога е зима.
Гиговска нема проблем да се расоблече и да покаже дека е во топ форма во бикини и додека трае зимската сезона, а сето тоа го постигна благодарение на нејзината упорност по бременоста, посетувајќи го редовно нејзиното омилено место теретаната.
Фото: printskrin/instagram/antoniagigovskaa