Момчето на Антониа Гиговска, пејачот Иван Јованов, вчера славеше роденден за своите 29 години.
За тоа како им минувал овој посебен ден, вљубените гилапчиња не пропуштија да им споделат и покажат на своите фанови и следбеници.
Најпрвин славеникот дуваше свеќи на парче торта, а Антониа го потсети дека треба да си замисли желба.
За денот да биде уште повозбудлив, двајцата заминаа да јаваат коњи и да искусат едно посебно доживување кое ќе го паметат.
Но, без изливи на љубов и размена на страсти, особено на таков ден, не оди.
Младата пејачка сакаше пред сите да ја покаже големината на нивната љубов, па објави и неколку фотографии додека разменуваат нежности.
Инаку, во едно неодамнешно интервју, Антониа откри дека токму поради годините на Иван, односно тоа што е 10 години постар од неа, иамала проблем најблиските да ја прифатат нивната врска.