Промотер

Антониа Гиговска и „2Бона“ беа гладни да ви ја претстават нивната – „Хиена“ (ВИДЕО)

Антониа Гиговска и „2Бона“ беа гладни да ви ја претстават нивната – „Хиена“ (ВИДЕО)

Популарното трап-дуо 2Бона и младата пејачка Антониа Гиговска деновиве ја промовираа својата прва заедничка песна под насловот „Хиена“. Музиката е дело на Тони и Кун заедно со Лазар Цветковски кој ги направил и аранжманот и битот, а ги изработил и миксот и мастерингот. На текстот освен момчињата од 2Бона, работел и Тајзи.

Нивната „Хиена“ добила и филмувано видео чија реализација и екранизација ја потпишуваат Томислав Живковиќ и Steady Flow.

Темата музички воопшто не отстапува од она што како стил го имаат зацртано и  го возат и трап дуото и самата Антониа…

Бит, ритам, трап, нејзиниот впечатлив, моќен вокал и совршено препознатливата, ултрамодерна продукција на Лазар.

Иако на прва можеби делува малку развлечено, „Хиена“ е  ново, овој пат заедничко  чедо во музичкото јато на младите артисти… Логично продолжение на она што го работат и 2Бона и Антониа, чиј спој никако не е случаен, зашто ја поседуваат и делат истата енергија, популарност, возрасна група на публика…

Затоа и „Хиена“ како нивна фузија му доаѓа нешто како енергетско-музичка трансфузија и за неа и за нив… Фузија која одлично функционира, меѓусебна хемија која кармата само ја мултиплицира…

Заради нив сите други се клише, за генерацијата која со нив и нивните песни, расте, живее и дише… Генерацијата гладна ко’ „Хиена“ за некаква промена… Та била таа и музичка.

To top