Радио Милева За пари баш и се' (не) се може?

Антониа Гиговска го откажа настапот за прославата на „Рамковниот“, ќе пее Владо Јаневски (ФОТО)

Антониа Гиговска го откажа настапот за прославата на „Рамковниот“, ќе пее Владо Јаневски (ФОТО)

Во време на инфлација,  економска и енергетска криза, секјојдневен вртоглав пораст на цените и се’ поголем степен на сиромаштија во Македонија, според оние кои ја имаат моќта за одлука и примена на истата, има простор за беспредметни прослави од јавен карактер кои чинат многу, кога расфрлањето со пари во моментов е најмалку потребно. Еден таков настан ќе се случи во сабота на 13-ти август на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Поводот за ваква прослава која е фестивалот насловен Peace festival“,чиј фокус е одбележувањето на 21 година од Охридскиот рамковен договор“. Како организтори на овој фестивал кој во превод го именувале како таков „за мирот“, е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. На нивната јавна страница на социјалната мрежа Фејсбук веќе неколку дена се промовира ова случување кое како што наведуваат дури има и тенденција да прерасне во традиција. Во фокусот на овој музички фестивал ќе биде музиката, односни настапот на неколку познати албански музички имиња, а меѓу нив и една наша музичка ѕвезда. Првично, изборот на организаторите била Антониа Гиговска која откако ја најавија како учесник, сега ја нема во програмата, во чија објавата на Фејсбук претходно  стоеше и нејзиното име.

Не помина многу време за да тргнат  шпекулации и разно – разни претпоставки и муабети, дека Антониа откако се „пресметала“ го откажала настапот.

За да ги разреши сите недоумици самата Антониа Гиговска се огласи на својот Инстаграм профил со изјава дека нема да пее на настан со политичка  позадина, а такво нешто нема да се случи ниту во идина. Онејзиното образложение е дека ангажманот на фестивалот на плоштадот „Скендербег“ не го договорила таа, туку нејзиниот  менаџерски тим, без да ја консултира пејачката за каков настан се работи.

„За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна… Јас не сакам да бидам дел од манифестации поврзани со политика, ниту некогаш ќе бидам. Мојата работа е да правам музика и на фановите да им го дадам најдоброто од мене“ – пишува Антониа која реагираше и на некои објави од медиумите за кои нагласи дека наводно ја извртеле нејзината изјава. Како и да е, нејзиниот настап е откажан!

Не требаше многу за на нејзино место да се најде замена меѓу македонските изведувачи, па така оној што не  гледа проблем да пее за славење  на „Рамковниот“ е  одново Владо Јаневски, за, засега непознат хонорар.

Владо, или пак тимот кој работи за него има пракса да го објавува, односно најавува секој негов следен настап, но конкретно за овој засега нема ништо на неговиот официјален Инстаграм профил, што очигледно наведува на помисла дека пејачот сака сето ова да помине без голем публицитет, преќутно и во сенка.

Впрочем Владо Јаневски беше оној кој прифати да пее и во 2018-тата година кога владата на СДСМ тогаш ја организираше таканаречената „Голема граѓанска прослава – Македонија во НАТО и ЕУ” во 15 градови ширум Македонија, иако во НАТО не примија многу подоцна, а од ЕУ… и денес сме децении далеку!

Имено, откако дознаа за каква смислена измама се работи, односно каква политичка конотација се крие под плаштот на таканаречената „ Голема граѓанска прослава“, многу пејачи слично како сега Гиговска, тогаш јавно ги откажаа своите настапи, како на пример Влатко Лозаноски или групата „Љубојна“. Но, не и Владо Јаневски, кој настапи, а видеата направени таа вчер од еден граѓанин за време на „големата граѓанска прослава“ на владата на СДС,  покажаа дека народот сепак остана дома, па едвај 20-ина луѓе го проследија настапот на македонската поп ѕвезда во градот на неговото семејно потекло – Кичево.

Ќе биде ли за „чаирскиот романтичар“ Владо Јаневски и Скопје оваа сабота како Кичево таа вечер – „главен град на тагата“ на настапот на прославата за „Рамковниот“ или за пусти пари се’ се може?

Инаку, неофицијално оваа прослава Република Македонија  ќе ја чини цели 100 илјади евра државни пари од буџетот, кои како што најавија ќе се трошат секоја година.

 

To top