Радио Милева први впечатоци...

Антониа Гиговска доби грст честитки за бременоста: Идниот свекор прв и честиташе, познатите личности исто така, а најголема поддршка доби од македонската ријалити учесничка (ФОТО)

Антониа Гиговска доби грст честитки за бременоста: Идниот свекор прв и честиташе, познатите личности исто така, а најголема поддршка доби од македонската ријалити учесничка (ФОТО)

По викенд шокот што на македонската јавност и го приреди младата поп пејачка Антониа Гиговска со својата објава дека е бремена, прашината полека како да слегнува иако допрва се очекуваат изненадувања. Од тоа кој е полот на приновата која Антониа и нејзината посилна половина ја очекуваат иако пејачката твди дека тие го знаат, до тоа во кој месец од бременоста пејачката јавно ја обзнани бременоста, па се до тоа како ќе се вика бебето, во зависност дали штркот ќе им донесе  наследник или наследничка? А можеби и нешто повеќе од тоа. Зошто и како – во некое од следните продолженија за љубовната сага на Антониа и  сега веќе нејзината мајчинско – семејна хармонија.

Она што прво како рекација на нејзината објава за бременоста одекна, покрај медиумските написи и коментарите на социјалните мрежи, секако беа реакциите во вид на честитки упатени до идната млада мајка.

Имено, Антониа Гиговска доби грст честитки за бременоста, а идниот свекор, пејачот Боби Спасенцовски прв и честиташе на потенцијалната снашка и тоа со специфична објава на својот Фејсбук:

„Сите викаат снаа, јас добив ќерка. Да сте ми среќни и вечни“ – напиша таткото на идниот сопруг на Гиговска, кој е исто така познат естраден уметник и тоа многу пред неа.

Кога сме веќе кај честитките и познатите личности, голем дел од нив  исто така ја изразија својата поддршка и и’ ја честитаа приновата на младата мајка. Меѓу нив голем дел колеги од домашната, но некои и од српската естрада каде Антониа не е непозната, потоа наши ТВ водителки и водители, инфлуенсерки, модели, презентери, ријалити учеснички…

На цунамито коментари на социјалните мрежи, меѓу кои истите беа поделени, од оние што се воодушевени и ЗА, до оние што се против, запрепастено  прашувајќи: „Па, како можеше?“, самата Антониа не се осврна.

Затоа пак некогашната македонската ријалити учесничка во најгледаното реионално ријалити шоу „Задруга“, инфлуенсерка и модел Елеонора Миљковиќ, која и самата неодамна вплови во брачните води, со свој статус на Инстаграм приказните и даде поддршка и јавно застана зад Антониа… И тоа со цитат од стиховите на познатата песна „Цреша“ на легендарниот Тоше.

Реакција и честитки на профилот кај идниот сопруг на Гиговска, нема… Освен онаа фотографија со „тестот за бременост в уста“, која исто така наиде на коментари, зашто „тестот“ претходно оди на друго место, ама… ајде! Во еуфоричниот наплив на среќа, емоциите доминираат над рациото.

На социјалните профили кај доскорешното момче на пејачката, нејзиниот колега, пејачот Иван Јованов исто така штама… Освен една тазе фотографија која говори повеќе од илјада зборови… Кој знае и умее да чита со поглед!

 

Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa/__elle.m__/jokerdam93/jovanov_ivan

To top