Промотер

Ања Ветерова за роденден се почести со новата „Ми доаѓа да вреснам“ (ВИДЕО)

Ања Ветерова за роденден се почести со новата „Ми доаѓа да вреснам“ (ВИДЕО)

Младата пејачка Ања Ветерова својата музичка кариера ја збогати со уште една нова песна и спот чиј наслов е „Ми доаѓа на вреснам“, но отпеана на Српски јазик.

Планот на Ветерова веројатно е песната да добие на актуелност и во регионот, па за првпат се проба да сними песна отпеана на српски.

Инаку, како и претходно таа не го промени тимот.

Аранжманот, музиката и продукцијата се на Дарко Димитров, додека текстот е на Елена Ристеска, а спотот пак е снимен во Белград во просториите на ИДЏ.

Инаку, таа токму за својот 19-ти роденден го објави спотот и песната преку интернет каналот Јутјуб и  социјалните мрежи.

Погледнете:

To top