Радио Милева Милитантна и горда

Ања Ветерова е женски Рамбо: Тргна на Беркли, ќе заврши во Пентагон?! (ФОТО)

Ања Ветерова е женски Рамбо: Тргна на Беркли, ќе заврши во Пентагон?! (ФОТО)

Младата македонска поп пејачка Ања Ветерова реши да инвестира во своето образование.  Неодамна таа ја обзнани  веста дека е примена на престижниот музички колеџ „Беркли“. Од есенва, за Ања започнува нов возбудлив период.  Таа ќе се пресели во Бостон и ќе започне со изучување на пеење, компонирање и музичка продукција. Така барем требаше да биде…

Арно ама, изгледа дека младата пејачка се премисли. не, не се откажа од едукацијата, напротив… Само го смени интересот за професијата. Па од пејачка, композитор и продуцент, Ања реши да стане професионален војник. И додека Бостон ја очекуваше со раширени раце, таа по се изгледа дека ќе заврши во Пентагон.

Затоа Ања се дотера по сите стандарди, па така променета во војничка униформа, реши да направи мини фотосесија… За да види како ја личи како „женски Рамбо“! До душа високите потпетици и ташничката не се баш по Пе-Ес ( правило на службата), ама ако…

Шегата на страна, се разбира пејачката вака се дотера само за сликање… Чисто да види како и стои ваквиот имиџ, а и да им покаже на оние што не се разбираат многу од „војна музика“!

Ех, да беа сите војници во нашата АРМ вакви…?! Машките доброволно ќе се пријавуваа во војска, а наместо парада на гордоста ќе имавме вистински воени паради. А со ваква војска, навистина ќе имавме со што да се гордееме!

To top