Од 2018 година, младата македонска пејачка Ања Ветерова, тргна да го реализира својот сон- се запиша на познатиот музички колеџ „Беркли“во САД.
Ања, речиси две години е студент на еден од најпрестижните музички храмови на знаењето во светот, а од Бостон редовно на Инстаграм објавува како го минува американското секојдневие.
Деновиве не е баш розово, а веќе и птиците на гранките знаат дека виновникот е коронавирус.
Ања сега е во дилема дали да остане во САД или да се врати во Македонија. Таа на својот профил сподели фотографија на која дури отвори виртуелна анкета за гласање, Македонија или САД.
Резултатот беше да се врати дома, но таа не ја сподели својата конечна одлука, туку дополни само дека веќе го има планот во главата.
Инаку, од вчера сите летови од Европа кон САД се суспендирани на 30 дена, освен за Велика Британија, американските граѓани и оние со постојан престој во САД.