Радио Милева

Анита Петровска-Рајковиќ-бившата уредничка на ТВ Нова, во лов на последните сончеви зраци и нов работен ангажман (ФОТО)

Анита Петровска-Рајковиќ-бившата уредничка на ТВ Нова, во лов на последните сончеви зраци и нов работен ангажман (ФОТО)

ТВ публиката ја знае оддамна како политички новинар, водител и уредник во повеќе телевизии. Последниот ангажман и беше во однеодамна затворената ТВ Нова, како еден од уредниците на телевизијата, но и новинар-водител кој плени на ТВ екранот. И со својата маркантност и убавина, како и со својата професионалност и објективност.

За жал, по затворањето на Нова, Анита Петровска – Рајковиќ накусо остана без новинарски ангажман. И додека шармантната новинарка е во лов по нов работен предизвик, таа максимално го користи убавото време, за да ги улови и последните сончеви зраци.

Убавата новинарка заедно со својот сопруг Александар замина на одмор и релаксација. Уживанција на непозната локација.

Постираните фотографии покажуваат дека атрактивната новинарка во костим за капење изгледа топ…

…Вито, згодно тело и доза на сексапил со кој Анита зрачи, прави нејзиниот сопруг, инаку музичар во „Оркестарот за свадби и погреби“ на Горан Бреговиќ, покрај во сончевото време и природата, максимално да ужива и во својата секси сопруга.

Или подобро речено, еден во друг, далеку од шоу-биз метежот, полните сали и публиката, политиката и медиумите…

Ловот на нова работа останува за првите есенски денови… Кога Александар со „Оркестарот…“ на Брега ќе тргне на уште една долга турнеја, а сијаличките на ТВ камерите повторно ќе се запалат за Анита…

До тогаш, одмор, уживање и релаксација, акумулирање на енергија и… веројатно размена на нежности на згодната новинарка и талентираниот музичар.

 

To top