Актерката Анѓелка Прпиќ, која никогаш порано не зборувала за разводот, за првпат ја допре таа тема во нејзината емисија „Држ га Божо“ на К1, и откри дека повеќе не носи прстен.
Имено, Анѓелка на својот колега Милан Калениќ му зборуваше за тоа дека сака да купи пекач, а потоа сосема случајно откри дека повеќе не носи прстен бидејќи е разведена.
– За прв пат имам желба да купам, срам ми е да кажам, пекач за леб. Толку е мало и немаш што да месиш и мелеш внатре, да чекаш да порасне … и секако секогаш се залепува за прстите, јас никогаш не го симнувам прстенот, па сега фала му на Господ што сум разведена, така да нема прстен, па немам шти да ми смета – рече Анѓелка.
Потсетуваме, Анѓелка пред 10 години се разведе од сопругот Дарио Прпиќ.