Српската актерка Анѓелка Прпиќ е во центарот на вниманието на јавноста уште од моментот кога се шпекулираше дека чека дете со најдобриот пријател на поранешниот сопруг и нивни кум.
Оттогаш, деталите од нејзиниот интимен живот непрекинато стигнуваат во јавноста, а таа продолжува во дози да дистрибуира информации од нејзиниот приватен живот во медиумите.
Анѓелка Прпиќ, непосредно пред да се дознае за врската со сегашниот партнер Марко, зборуваше за тоа колку е згоден нејзиниот дечко, но и за тоа како помошта на терапевтот и значи многу во секојдневниот живот.
– Првиот пат кога отидов да ја видам мојата терапевтка Бојана, која е целата госпоѓа, многу скромна, и со гестикулации и мимики, и зборува тивко, женствено, сè, и преку улица -жонглер на моноцикл. Се што кажувам, а се однесува на мојата длабока интимност, се е шега – изјави тогаш актерката за српскиот Ало.рс
View this post on Instagram
– Солзи течат од смеење, таа жена вели: „Што ти е, смири се прво“, а јас станувам скокајќи, скокајќи, па таа вели: „Ќе се повредиш, што е толку смешно? – рече Прпиќ со насмевка на лицето.
– Мислам дека идејата на психотерапијата не е да не натера да станеме некој друг, туку едноставно да ги вклучи оние одбранбени механизми за кои не сме ни свесни, да ги освести. Некогаш можам и свесно да одлучам повторно да бидам таа со тие модели, но сега сум барем свесна. Не се, има многу работа, о-хо-хо, но свесна сум кога е автоматски и кога успевам да го надминам и кога за жал не успевам – искрено изјави Анѓелка.
View this post on Instagram
Анѓелка Прпиќ е во поодмината бременост, неодамна за прв пат се појави во јавноста со нејзиниот иден сопруг Марко, а во таа прилика не обрнаа внимание на погледите на љубопитните луѓе.