Лице в Лице

Анета Молика за разводот и неверството: „Не можеш да му наредиш на срцето некого да сака“ (ВИДЕО)

Анета Молика за разводот и неверството: „Не можеш да му наредиш на срцето некого да сака“ (ВИДЕО)

Фолк-пејачката Анета Љумаковска – екс Мицевска по дваесет и две години брак со музичарот Џими Мицевски се разведува –  беше топ вест изминaтиот период низ медиумите. Заедно ја имаат ќерката Моника, која студира и живее во Германија. Анета му  беше втора сопруга на Џими, а тој пак, од претходниот брак има син кој е исто така музичар.

Инаку, Анета и Џими важеа за складен и хармоничен пар, но очигледно решиле дека е најдобро да донесат една ваква тешка одлука и да започнат нова фаза во нивните животи. Се плетаеа разни приказни, чаршијата зборуваше, озборуваше, нагаѓаше, шпекулираше… а, тие молчеа.

Во најгледаниот  естраден ТВ магазин Бекстејџ гостинка беше Анета, каде пејачката реши да си ја отвори душата за да стави крај на сите шпекулации и чаршиски приказни, околу тоа кој е виновникот, дали причината за разводот се неверство и е прељуба, презаситеност еден од друг или нешто сосема трето…

Што кажа Анета во интервјуто за нашите соработници од „ТВ магазинот од зад сцената“, проследете во видеото во продолжение:

To top