Радио Милева

Анета Молика ретко ја покажува ќерката, а сега од Палма де Мајорка гордо се пофали колку порасна нејзината Моника (фото)

Анета Молика ретко ја покажува ќерката, а сега од Палма де Мајорка гордо се пофали колку порасна нејзината Моника (фото)

Фолк пејачката Анета Мицевска е горда мајка на 16 годишната ќерка Моника, која не толку често ја експонира во јавноста.

Гордоста на мама Анета и тато Џими израсна во вистинска убавица, која се повеќе наликува на својата позната мајка.

фото:инсатграм/анетамицевска

Овој месец јуни, Анета и Моника беа заедно во убавата Шпанија, односно на Палма де Мајорка од каде пејачката објави неколку фотографии.

Не требаше да помине многу време за мајката и ќерката да соберат многу ласкави коментари.

фото:инсатграм/анетамицевска

Младата Моника има талент за пеење, но не сака да биде пејачка, а нејзината баба во едно неодамнешно интервју изјави дека наследничката на Анета учи стоматологија и сака тоа да биде нејзина идна професија.

Ова лето мајката и ќерката си дадоа повеќе време за себе.

-Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника. За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

фото:инсатграм/анетамицевска

Инаку, Анета Мицевска и нејзиниот сопруг Џими во брак се 17 години, од кои една беа во врска.

To top