Анета Молика важи за еден од подобрите македонкси вокали, па каде и да се појави прави вистинска атмосфера и знае да ги пренесе хитовите.
Нејзиниот помлад колега и тазе пејач Ристе Ристески неодамна заплива во водите на шоубизнисот откако победи во „Ѕвездите на Гранд“.
Но, иако е тазе на музичката сцена може да се пофали со бројни настапи по клубовите во регионот.
Меѓутоа, неодамна Ристе и Анета се најдоа на свадба, а бидејќи немаат прилика често да се среќаваат овој момент го овековечија со заедничко селфи кое Ристе го објави на „Инстаграм стори“.
Инаку, Ристе е во музичката продукција „Гранд“, но и Анета Молика често може да ја видиме во студиото на познатата продукција и телевизија!